(1) Текст Споразума између Владе Републике Србије и Владе Републике Македоније о узајамном признавању јавних исправа о стеченом образовању и о стручним, академским и научним називима у оригиналу на српском и македонском језику гласи:
(2) СПОРАЗУМ
(3) ИЗМЕЂУ ВЛАДЕ РЕПУБЛИКЕ СРБИЈЕ
(4) I
(5) ВЛАДЕ РЕПУБЛИКЕ МАКЕДОНИЈЕ
(6) О УЗАЈАМНОМ ПРИЗНАВАЊУ
(7) ЈАВНИХ ИСПРАВА О СТЕЧЕНОМ ОБРАЗОВАЊУ И О СТРУЧНИМ, АКАДЕМСКИМ И НАУЧНИМ НАЗИВИМА
(8) Влада Републике Србије и Влада Републике Македоније (у даљем тексту: Стране),
(9) – вођене жељом за развијањем билатералних односа у области образовања и науке;
(10) – сагласно Конвенцији о признавању квалификација које се односе на високо образовање у региону Европе, потписаној у Лисабону 11. априла 1997. године,
(11) договориле су се о следећем:
(1) У случају прекида важења Споразума, његове одредбе остаће да важе за држављане Републике Србије и држављане Републике Македоније који су започели своје образовање пре његовог прекида од једне од Страна.
(2) Сачињено у Београду, дана 21. фебруара 2014. године, у два оригинална примерка, сваки на српском и македонском језику, при чему оба текста имају једнаку важност.
(3) ЗА ВЛАДУ
(4) РЕПУБЛИКЕ СРБИЈЕ
(5) ЗА ВЛАДУ
(6) РЕПУБЛИКЕ МАКЕДОНИЈЕ
(7) Иван Мркић, с.р.
(8) Никола Попоски, с.р.
(9) СПОГОДБА
(10) МЕЃУ
(11) ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СРБИЈА
(12) I
(13) ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
(14) ЗА ВЗАЕМНО ПРИЗНАВАЊЕ НА ЈАВНИ ДОКУМЕНТИ ЗА СТЕКНАТО ОБРАЗОВАНИЕ И ЗА СТРУЧНИ, АКАДЕМСКИ И НАУЧНИ ЗВАЊА
(15) Владата на Република Србија и Владата на Република Македонија (во натамошниот текст: Страните),
(16) – водени од желбата за развивање на билатералните односи во областа на образованието и науката;
(17) – согласно Конвенцијата за признавање на квалификации кои се однесуваат на високото образование за регионот на Европа, потпишана во Лисабон на 11 април 1997 година,
(18) се договорија за следново:
(19) Член 1
(20) Со оваа Спогодба се утврдува постапката за взаемно признавање на јавни документи за стекнато образование и за стручни, академски и научни звања, стекнати во образовните институции и надлежни органи, согласно постојните закони на двете Страни.
(21) Член 2
(22) Признавањето на јавни документи за стекнато образование и за стручни, академски и научни звања, се врши во согласност со внатрешните законодавства на секоја Страна.
(23) Член 3
(24) Уверенијата за совладани образовни програми за доживотно учење кои ги реализира‘ високообразовна институција во рамките на својата активност, вон студиските програми за кои има добиено дозвола за работа, се признаваат на територијата на секоја од договорните страни, но не претставуваат основа за признавање на стекнато високо образование и соодветно стручно, академско, односно научно звање.
(25) Член 4
(26) За спроведување на оваа Спогодба, Страните взаемно ќе доставуваат информации за критериумите и постапките за признавање на јавни документи за стекнато образование и за стручни, академски и научни звања и благовремено меѓусебно ќе се информираат за промените во своите образовни системи и стекнување на научни звања.
(27) Член 5
(28) Взаемното признавање на јавни документи за стекнато образование и за стручни, академски и научни звања, кои се предмет на оваа Спогодба, секоја Страна ги врши согласно утврдената постапка. во рок не подолг од 3 месеци од датумот на поднесената пријава.
(29) Член 6
(30) Оваа Спогодба ќе влезе во сила на датумот на прием на последното писмено известување доставено по дипломатски пат, со кое Страните меѓусебно се известуваат дека се завршени внатрешните законски процедури неопходни за нејзино влегување во сила.
(31) Член 7
(32) Оваа Спогодба се склучува на неопределено време.
(33) Секоја Страна може написмено, по дипломатски пат да ја извести другата Страна за својата намера да ја прекине оваа Спогодба. Во тој случај, Спогодбата престанува да важи по истек на една година од датумот на приемот на писменото известување за прекинувањето од другата Страна.
(34) Член 8
(35) Во случај на престанување на важењето на Спогодбата, нејзините одредби ќе останат да важат за државјаните на Република Србија и државјаните на Република Македонија кои го започнале своето образование пред нејзиното прекинување од една од Страните.
(36) Составено во ____________ на _________ 2014. година, во два оригинални примероци, секој на српски и на македонски јазик, при што и двата текста имаат еднаква важност.
(37) ЗА ВЛАДАТА
(38) НА РЕПУБЛИКА СРБИЈА
(39) Иван Мркић, с.р.
(40) ЗА ВЛАДАТА
(41) НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
(42) Никола Попоски, с.р.